ВИДЕО: Комитетот за справување со кризи ги посети повредените полицајци

Министерот за здравство Никола Тодоров, како раководител на управувачкиот комитет за справување со кризи денес заедно со заменик министерот за внатрешни работи Митко Чавков и со министерот за одбрана Зоран Јолевски остварија посета на македонско-грчката граница каде се поставуваше жичена ограда за насочување на мигранти до пунктовите за регистрација и хуман третман.

Тодорв, Чавков и Јолевски го посетија лекарскиот пункт на терен каде имаа средба со повредените полицајци. Повредени се вкупно 24 припадници на безбедносните сили, 23 полициски службеници и еден припадник на АРМ. Четворица од повредените се задржани на опсервација во болница поради потрес на мозокот.

povredeni

Повредените припадници на безбедносните сили на членовите на комитетот им кажаа дека мигрантите фрлале со големи камења кон нив. Оштетени биле и голем број штитови и друга опрема.

 
 
28.11.2015 - 23:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега