Груевски: Субвенции на туристичките оператори кои ќе донесат кинески туристи во Македонија

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за најтиражниот азиски весник China Daily истакна дека сакаат да привлечат што е можно повеќе туристи од Кина. Во таа насока, вели премиерот, се огранизираат тури заедно со други земји од регионот, за да можат кинеските туристи да посетат повеќе држави одеднаш.

-Нашите туристички агенции соработуваат на овој план. Нашите министерства за надворешни работи разгледуваат начини како да се олесни издавањето на визи и јас разговарав со мојот министер за надворешни работи да видиме до каде е нивото на разговори на ова прашање. Донесовме одлука на Владата да дадеме субвенции на туристичките оператори кои ќе доносат кинески туристи во Македонија. Ќе добијат 65 евра за секој посетител ако операторот носи повеќе од 10 луѓе кои ќе останат минимум три дена во нашата земја. Ова е значителна поддршка за компаниите, за тур-операторите, кои ќе донесат на пример по неколку илјади луѓе годишно. Самите 65 евра не се ништо, но ако помножите по 1.000, по 5.000 туристи, тоа е значителна помош за операторот. Не само што сакаме да го направиме патувањето во нашата земја полесно, туку сакаме да биде и поевтино, вели премиерот.

 
 
28.11.2015 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега