Преку „Македонија вработува“ отворени 9.600 работни места
Со владината програма „Македонија вработува“ досега се отворени 9.600 работни места. Ова е значајна бројка, а невработените имаат значително поголеми можности и шанса да се вработат преку поволностите кои што се нудат со овој проект, изјави денеска заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
При посета на капацитетите на компанијата „Империјал“ која има 300 вработени, истакна дека таа фирма е успешен пример за развој и користење на владините мерки со кои досега има анагажирано осум работници.
Според директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Попоски, „Империјал“ учествува и во неколку други мерки кои ги предлага Агенцијата. Во наредниот период ќе почне мерката за обука на 20 лица кај познат работодавач, а по обуката компанијата може да ги задржи и вработи според мерката Македонија вработува, со оглед на потребата на компанијата, изјави Попоски.
Од компанијата „Империјал“ велат дека имаат потреба од дополнителен кадар, бидејќи шивачката професија е дефицитарна на пазарот на труд.
- Ги користиме субвенциите и досега имаме осум вработени, а во тек е и посредувањето преку Центарот за вработување во Тетово за прием на дваесет лица за програмата Обука кај познат работодавач. Нашиот оглас е постојано отворен и за лица за обука но и за лица со работно искуство, изјави Александар Кузманоски од компанијата „Империјал“.
Од Министерството за труд и социјална политика истакнуваат дека има резултати од мерките за вработување и ги поттикнуваат сите компаниите во земјава да се вклучат во овој проект, што ќе продолжи до крајот на април следната година. - Со тоа ќе се помогне на невработените побрзо и полесно да најдат работа, а компаниите да го прошират својот бизнис користејќи ги поволностите од проектот Македонија вработува, истакнуваат од ресорното Министерство
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа