Ванхауте: Постигнат е напредок во преговорите за медиумите

Постигнат е напредок во процесот на преговори на работната група за медиумите, стои во пишаната изјава на посредникот во разговорите белгискиот експерт Питер Ванхауте. 

Тема на дискусија на денешната средба на работната група, се наведува, е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поконкретно улогата и функционирањето на Агенцијата, пренесе МИА.

- Политичките партии ги земаат предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор. Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхауте редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни. Одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток. Политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема, стои во пишаната изјава на Ванхауте.

 
 
27.11.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега