Војници на АРМ ќе одат во мировни мисии во Авганистан и БиХ

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница едногласно ги усвои предлог-одлуките за испраќање припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан и во мировната операција на ЕУ „Алтеа“ во Босна и Херцеговина.

Како што образложи министерот за одбрана Зоран Јолевски, во мировните мисии вкупно ќе бидат упатени 38 припадници на АРМ. Од нив, информира тој, шест штабни офицери кои ќе бидат во тимот за советување во командата за обука север, која е под германска команда. Главно активноста на овие штабни офицери, нагласи Јолевски, ќе биде насочена кон обука и советување на авганистанските безбедносни сили. Во две ротации од по шест месеци, други 12 штабни офицери и еден подофицер ќе бидат во командата за советување во Кабул, додека, пак, во единицата за заштита на командата во Кабул, истакна Јолевски, ќе бидат упатени 20 припадници на АРМ.

Министерот Јолевски информира дека и двајца припадници од АРМ во две ротации и тоа од мај 2016 година и од ноември 2016  ќе бидат испратени за учество во мировната операција на ЕУ „Алтеа“ во БиХ, како и еден лекар во истата мисија во Сараево од декември до јуни 2016 година. Се планира, додаде тој, доколку има потреба да биде испратен уште еден лекар за учество во „Алтеа“ во БиХ.

 
 
27.11.2015 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега