Какво време не очекува за викендот

Иако работната недела ја завршуваме со обилен дожд и снег на планините, сепак за викенд работите на метеоролошки план нема да продолжат во таа насока, Пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Во сабота останува генерално облачно. Мало разведрување може да се очекува дури навечер, и тоа повеќе локално во источниот и јужниот регион. 

Во западниот крај облачноста останува во текот на целиот ден, а на планините во овој крај претпладне и рано попладне ќе врне сосема слаб и повремен снег.

Во недела поврорно очекуваме претежно облачно време, но и овој пат со услови за повремени сончеви периоди во источниот крај.

Западниот регион останува облачен во текот на целиот ден, а на планините е можно „провејување“ на слаб снег.

 

 

 

 

Во сабота котлините во северниот и западниот крај очекуваат темературен максимум во границите од 5°С до 7°С, а во југоисточниот крај околу 9°С. 

Недела во однос на сабота ќе биде потопла за околу 2°С.
Неделното утро ќе донесе нешто пониска температура која ќе има негативен предзнак во поголем дел од котлините, но сепак станува збор за вредности во дијапазонот од -1°С до -3°С.

 
 
27.11.2015 - 10:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега