Литванија не ги крие симпатиите: Ќе се бориме Македонија да добие датум за преговори во декември
Шефот на литванската дипломатија и претседавач со Советот за општи работи (ГАК) на Европската унија, Линас Линкевичиус, денеска од Брисел испратил порака дека Литванија и тој лично ќе се борат за тоа Македонија да добие датум на Самитот на Европскиот совет во декември.
Одговарајќи на прашање на МИА на денешното претставување на приоритетите на Литванското претседателство со Унијата, Линкевичиус не ги криел симпатиите кои неговата земја ги има кон македоднската држава и испратил пораки за поддршка.
- Пред неколку дена се сретнав со македонскиот премиер Никола Груевски во Вилнус и со него имавме многу интересен состанок. Заедно минавме низ агендата што ќе ја имаме и јас му реков дека Литванија ја поддржуваше вашата земја и за време на интеграцијата во НАТО и искрено говорејќи ние сме во ист тим, ако се сеќавате на Вилнус-групата на земји што се договоривме заедно до се интегрираме во Северно-атлантската алијанса, при што досега за жал остана надвор само надвор од оваа слика. Нашата солидарност кон земјата, говорам национално, но и како претседателство со Унијата и симпатија се големи и ние правиме најдобро што можеме да го олесниме процесот, да помогнеме, истакнал Линкевичиус.
Според шефот на литванската дипломатија, тој на средбата со Груевски му порачал на македонскиот премиер дека ќе ја има сета потребна помош во областите што ќе требаат и дека Литванците ќе дадат се од себе во таа насока.
Запрашан дали Литванија ќе успее да ја истурка Македонија на Самитот на ЕС во декември и да не дозволи да се стави македонското прашање под тепих, како што тоа го направи Ирска минатиот месец, Линкевичиус со конкретен одговор: - Сите сакаме да видиме, најпрво Европската комиси да ја повтори препораката за отворање на преговорите за членство, а ние знаеме што треба да се стори, а и вашата земја знае што треба да направи во оваа насока. По политичката криза во Македонија, беше постигнат договорот од 1 март и многу важно е сега истиот да се имплементира, за што гледаме дека има движења, Комитетот за истрага на собраниските настани е составен, но долги се роковите за негови одлуки. Тоа е она што вашата земја треба да испорача, посочил министерот за надворешни работи на Литванија и претсадавач со Советот на ЕУ кој ги носи заклучоците во однос на Самитите на Европскиот совет.
Линкевичиус напоменал дека е потребно Унијата да добие јасни сигнали дека Македонија е кредибилен партнер, дека испорачува, се подобрува, го враќа процесот назад на вистинскиот пат, со цел и да се осигура дека Европската комисија ќе ја повтори препораката.
- Таквата препорака, дефинитивно ќе се дискутира на ГАК-т, кој го водам. Месецов ќе имаме и асоцијациски состанок со вашата земја, кој јас ќе го предводам исто така. Имаме многу да кажеме дека доаѓа во однос на вас. Генерално, ние говориме дека Западен Балкан е дел од нашите приоритети, но и веруваме дека Западен Балкан треба да е составен дел од европската заедница и не само вашата земја, туку и другите. Имаше неколку успешни приказни, кои треба да се следат, да се направи најдоброто, главна порака е дека испораката треба да дојде од страна на нашите партнери. Тие треба да покажат подготвеност да соработуваат, да постои прогрес, рекол Линкевичиус.
Запрашан дали може да вети дека Литванија ќе се бори Македонија која осум години е кандидат за членство и четири години добива позитивни препораки да ги почне преговорите, конечно на декемврискиот Самит да добие датум, Линкевичиус со потврден одговор.
- Позитивните одлуки на Комисијата, чие мислење го почитуваме , сигурно ќе бидат дискутирани на Советот за општи работи што јас го предводам. Ние веќе имаме поставено одредници во однос на прашањето за проширување за октомври, кога треба да биде издаден прогрес-извештајот на ЕК, како и декември каде е можна одлука за почеток на преговорите за членство. Се надевам дотогаш ќе се решат проблемите во односите со Бугарија, прашањето за името во соработка со позитивен став кон комисијата со Нимиц. Како што знам ова е случај кој се одвива, но треба да продолжи во тој дух, па што го реков ова, не можеме да исклучиме дека ќе дојде успехот, ќе се обидеме да олесниме за да дојде до тоа, но топката е во вашиот двор и тоа е важно да се знае, заклучува првиот човек на Литванското претседателство со Европската унија.