Реакција на битолската болница: Бебето е донесено мртво, не почина во болницата

Веста дека во битолската болница починало бебе е тотална дезинформација, реагираат од болницата.

„Ако во болницата е донесено мртво, не е умрено во болницата. На кого му служат тие игри? Без разлика дали е СДСМ или било кој? Што се добива од тоа? Да се уништи угледот на оваа болница? Па овде се лечиме и во сите други. Луѓето доаѓаат за помош, а со вакво објавување... Еве податок во колку саат е донесено со сите знаци на мртво, со мртвачки пеги. Во колку саат е пуштено на обдукција. Значи, не смеат да се објавуваат без доказ овие работи, со некаква цел да се наштети на било кој“, вели д-р Василие Најдовски, директор на Клиничката болница во Битола.

 
 
11.11.2015 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега