Пет лица повредени во Скопје

Пет лица се полесно повредени во шест сообраќајни несреќи во изминатите 24 часа во Скопје. Во три сообраќајки со повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, сопатник и пешак, а во три е причинета материјална штета.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Гоце Делчев“ во општина Центар со учениците од четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 
 
27.10.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега