Познат идентитетот на загинатиот во страшната сообраќајка пред Прилеп - комбето целосно уништено

 

Прилепчанецот Мендо Г. (1973) од прилепското село Воѓани утрово го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случи на патниот правец Демир Хисар-Кичево.

Од СВР-Битола информираат дека сообраќајката се случила околу 7 часот при судир на комбе марка „Цитроен џамбо“ со прилепски таблици управувано од сега починатиот Мендо Г. и товарно моторно возило камион со приколка со битолски таблици кое било паркирано надвор од патот.

- Сообраќајката се случила кај местото викано „Зли дол“ кај каменоломот. Возилото со кое управувал сега веќе починатиот Мендо Г. роден 1973 година од прилепското село Воѓани, е излетано од патот. Екипи на СВР-Битола, итна медицинска помош и пожарникарска служба сеуште се на терен, а поведовме и истрага за утврдување на причините за оваа сообраќајна несреќа, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола

 

 

Оцени ја веста

05.10.2015 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега