Гостивар: Нема да ви се верува колку пиперки, грав и домати му украле од нивата

 

Педесет и осумгодишниот М.С. од гостиварско Беловиште, пријавил дека во периодот од 23-ти до 27-ми овој месец, засега непознати сторители од нивата што ја користел под закуп му одзеле 250 килограми грав, 400 килограми домати и 150 килограми пиперки.

niva

Со кражбата, крадците причиниле вкупна материјална штета која се проценува на околу 1500 евра

Вчера кога отишол на нивата забележал паркирано возило и две лица кои избегале кон селото Лакавица.

Од СВР Тетово соопштуваат дека местото на кражбата е фотодокументирано и се работи на откривање на сторителите.

 

 

Оцени ја веста

28.09.2015 - 12:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега