Момчето што загина кај Ново село се самоубило
Младото момче кое доцна попладнево почина откако во него удри товарен воз, најверојатно извршило самоубиство.
Иако ова не е потврдено од полицијата, неофицијалните информации говорат дека момчето на возраст меѓу 25-30 години се самоубило, поминувајќи ја пругата кога возот поминувал кај новоселски пат.
Од сериозноста на повредите, момчето чиј идентитет се уште не е познат, починало на лице место. Товарниот воз кој удри во момчето, сообраќал на релација Долно Блаце-Трубарево.
Оцени ја веста
23.07.2015 - 21:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа