ТРАГЕДИЈА: Со автомобилот влетал во зграда кај ТЦ Зебра - едно девојче прегазено

Девојче е прегазено во сообраќајна несреќа која се случи вечерва на улица Васил Ѓоргов во близина на ТЦ „Зебра“, кога автомобил „Опел корса“ со голема брзина налетал на неа, по што продолжил и се забил во еден од излозите на околните згради.
Како што дознава Макфакс, на лице место бил направен обид да му се пружи прва помош на настраданото лице, чиј идентитет не е познат, но безуспешно.
На местото на настанот пристигна противпожарно возило, а полицијата врши увид.
Оцени ја веста
07.07.2015 - 21:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа