Алфите со полни раце работа - приведени 175 лица

 

Во текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција - Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност, вкупно извршиле легитимирање на 926 лица, потоа извршиле преглед на 242 ПМВ и 60 лица, а по разни основи биле приведени вкупно 175 лица.

По основ на телеграма приведени се 32 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 34 лица, по извршено кривично дело – 11, за издржување на казна затвор – 13 лица, за утврдување на идентитет – седум лица и за недозволени предмети приведени се пет лица;

-Вкупно приведени лица по ЈРМ – шест лица

-за учество во тепачка – три лица

- за физички напад – две лица

-за карање или викање – едно лице

  • За напад на службено лице (чл.383 од КЗ на РМ) – едно лице
  • Вкупно приведени лица со оружје – две лица

-со пиштол – две лица

  • Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 19 лица

-со НН тревкаста материја – 16 лица

-со НН прашкаста материја – едно лице

-со НН таблети – две лица

  • Вкупно приведени лица со ПМВ – 28

- по телеграма – 25 лица

- сообраќаен прекршок – едно лице

-непоседување на соодветна  документација – две лица

  • Вкупно приведени лица со ТМВ – шест лица

-не поседување на соодветна документација за товар – шест лица

  • Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – едно лице
  • Останати активности:

- Предадени 22 лица поради нарушен ЈРМ

- Предадени 21 лице за сторен сообраќаен прекршок

-Предадени 480 странци со нерегулиран престој     

-Четири останати случаи за предадени лица

-пронајдени и предадени едно ПМВ и четири други предмети кои потекнуваат  од кривично дело, како и пронајдени две возила барани по телеграма

- предадени четири мотоцикли

Извршени пет обезбедувања на лица и дадени 21 асистенција при вршење претрес на дом и други простории.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега