Инцидент во Охрид: Брутално претепан скопјанец
Крвава тепачка во Охрид. Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешка телесна повреда“, полициската станица во Охрид поднесе кривична пријава против М.Г.(27) и Н.П.(24) двајцата од Охрид. Пријавените, на четврти овој месец, во 04 часот и 30 минути кај туристичкиот комплекс „Св.Стефан“, по настаната вербална расправија, физички го нападнале М.Г.(23) од Скопје нанесувајќи му повеќе удари со раце и нозe. Со повреди во пределот на лицето, М.Г. е пренесен во општата болница во Охрид, а потоа префрлен во болница во Скопје. На овој настан, му претходело нарушување на јавниот ред и мир во една дискотека на охридското крајбрежје, во кое покрај пријавените, учествувале и Н.З.(23) од Куманово и сега повредениот М.Г.(23) од Скопје. Охридската полиција презема дополнителни мерки за утврдување на можно учество и на други лица во слученото нарушување на јавниот ред и мир во дискотеката како и на можно загрозување со опасно орудие при тепачка или караница случена кај туристичкиот комплекс „Св.Стефан“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа