Кумановчанец случајно застрела свој сограѓанин
Вчера во 14,30 часот во Куманово на ул.„Индустриска“ бб во дворното место на фирма, Г.М.(33), од невнимание, додека ракувал со пиштол марка „Глог“, калибар 9мм кој го поседувал со дозвола, испукал еден куршум и му нанел прострелна рана во пределот на бутот на Р.М.(45), двајцата со живеалиште во Куманово. Г.М. со возило го однел Р.М. во општата болница Куманово, каде му е укажана медицинска помош, по што како итен случај е препратен во Клиничкиот центар Скопје. Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Куманово, пиштолот,испукана чаура и зрно се подигнати за вештачење, а Г.М. е приведен и по целосно расчистување ќе добие соодветна пријава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа