„Дајте ми пари и работата е средена" - измамник падна во рацете на полицијата
24-годишниот Г.М. од Пробиштип си заработи кривична за измама.Пријавениот во периодот од август минатата година до февруари годинава со намера за себе да си стекне пари, довел во заблуда неколку граѓани од Штип. Според податоците од полицијата, измамникот со лажно прикажување на факти ветувајќи им дека како добар познаник со високи политички и владини функционери ќе им помогне при добивање на социјални станови, возачки дозволи и инвалидски пензии. Тие како против услуга требало да му дадат различен паричен износ со што им причинил материјална штета во износ од 3300 евра.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа