Крвничко претепано бебенце во семејно насилство

 

Детенце старо година дена денеска попладнево е донесено во Ургентниот цетан со тешки телесни повреди.

Бебенцето во Ургнетниот центар е донесено околу 16 часот, а лекарите по прегледите утврдиле дека се работи за тешки телесни повреди поради кои веројатно ќе биде оперирано.

Како што откриваат медиумите, неговата 36 годишна мајка тврди дека бебенцето е брутално претепано од неговиот татко, додека тој (25 години) тоа го негира.

Бебето во Ургентниот центар дошло од Тиршова, каде е префрлено во КБЦЗемун.

Бебенцето веднаш било оперирано поради тешко крварење во стомакот. Задржано е во болница, а дијагностиката е во тек, дознава Курир.

Покрај повредите на внатрешните органи, бебето е тешко повредено и во главата.

 

И двајцата родители во моментов се испитуваат за околностите, како бебенцето е брутално претепано.

 

 

Оцени ја веста

17.06.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега