Екологистите бараат повеќе инвестиции во енергетски ефикасни проекти
Граѓанските организации Аналитика, ЕкоСвест и Фронт 21/42 денеска по повод Денот на јагленот - 29 јуни го претставија извештајот за енергетските инвестиции на меѓународните финансиски институции во западно-балканските земји.
Како што посочија на прес-конференцијата претставници на овие организации во извештајот се наведува дека банките за развој во регионот потрошиле 32 пати повеќе средства за фосилна енергија отколку за обновливи извори.
- Македонија е една од само две држави во регионот во кои банките не инвестирале во јаглен и нафта, стои во извештајот, што според организациите е позитивно, но забележуваат дека во националната енергетска стратегија речиси половина од инвестициите треба да бидат потрошени за јаглен. Порачуваат дека тоа негативно ќе влијае врз здравјето на идните генерации.
Посочуваат дека европската стратегија предвидува целосно напуштање на јагленот и нафтата во електро-енергетскиот сектор до 2050.
Според нив најважната област за енергетскиот развој се инвестиции во енергетската ефикасност.