ВИДЕО: Кога кинескиот змеј ќе ги рашири крилата - Кина го шокираше САД со хиперсонично летало
Кинеското министерство за одбрана потврди дека е објавен четврт тест на хиперсонично летали, кое може да биде вооружено со нуклеарно оружје, а САД ваквиот потег го нарече „екстремен маневар“ во време на растечката тензија на двете сили околу Јужното кинеско море.
Кинеското министерство за одбрана соопшти дека планираното научно истражување и експрименти на кинеската територија е нормална работа“, истакнувајќи дека „не се усмерени кон ниту една држава, ниту одредена цел“, пренесува руските медиуми.
Ова стратешко летало, кое САД го нарекува WU-14 е исклучителна технолошки напредно и може да лета 10 пати со поголема брзина од брзината на звукот.
Леталото има можност да меневрира до ивицата на свемирот, така што е тешко да се собори.Американскиот ракетен систем за одбрана може да собори само една ракета, и боева глава којаима однапред одреден пат и не го менува курсот за време на летот.
Експертите напоменуваат дека тестирањето е објавено во време кое се поклопува со посетата на потпретседателот на кинеската Централна воена комисија Фан Чанглонгом Вашингтон.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа