Атанас Кировски: Тезата ако не си антивладин тогаш си провладин е апсурд
Во македонсиот длабоко поларизиран постои и медиумски простор во кој може да се позиционира професионалното и објективно новинарство. Директорот на Телевизија, Телма, Атанас Кировски, кој изминативе недели е предмет на остри критики од опозциските медиуми дека неутралноста која ја заговара е корист на власта, наспроти опозицијата, во интервју за Прес 24, вели дека е апсурдно тврдењето дека ако не си антивладин, тогаш си провладин. Кировски смета дека е можно во медимскиот простор да се функиционира подеднаково одалечени и од партиите.
- Се разбира дека независната уредувачка политика на еден медиум, во случајов Телма е сосема легитимна, и возможна и во практиката, што ние го докажуваме во нашата информативна програма. Тоа што таквата уредувачка политика некому не му се допаѓа, не е наш проблем. А обидите таа уредувачка политика да се дискредитира ќе пропаднат, и долгорочно гледано, гледачите ќе се уверат од потребата Македонија и нејзините граѓани да имаат сериозна, балансирана и политички независна телевизија, вели Кировски во интервјуто за Прес24.
Киросвки потенцира дека денеска во Макдонија токму интернет медиумите се најголемиот проблем, меѓу кој е и ширењето говор на омраза. Смета дека тука е неопходна регулација, но со особена внимателност.
-Говорот на омраза и крајните вулгарности произлегуваат од реската поделба на наводни “патриоти” и “предавници”, како и од нискиот интелектуален капацитет на дел од квазимедиумските работници кои себе си се нарекуваат новинари. Со решавањето на политичката криза, релаксацијата на состојбите во општеството, и враќањето на медиумските слободи, мислам дека работите ќе си дојдат на свое место, и оние што сега изигруваат херои и се глорификуваат заради нивната во суштина непрофесионалност, ќе станат изолиран феномен и декор, каков што го има и во другите демократии, вели Кировски во интервјуто за Прес24.
ПРЕС24: Последните Ваши ставови од позиција на прв човек на Телевизија Телма, а кои се однесуваа на притисоци, предизвикаа поприлично реакции во јавноста. Особено карактеристични се реакциите од блокот опозциски нoвинари. Како ги кометирате таквите реакции?
КИРОВСКИ: Првичните коментари се појавија како реакција на кампањата “Црвен телефон” која Телма ја изведе заедно со Њу момент. Идејата на кампањата беше позиционирање на телевизијата како објективна и независна, која не е подготвена да прима нарачки на материјали, ниту од власта, ниту од опозицијата. Идејата за црвениот телефон креативниот директор на Њу момент Душан Дракалски ја имаше креирано за друг пазар, но заради политичката поларизација во Македонија сметавме дека таа извонредно ќе функционира во Македонија. И не се излажавме реакциите на кампањата беа дури посилни и од она што го очекувавме, но јасно дефинираната порака дека не креваме никому телефон, политичките партии и дел од медиумите тенденциозно и погрешно ја интерпретираа дека телефонот е реакција на некакви притисоци.
Потоа се појавија нови недоразбирања со некои проопозициски медиуми кои настапија со тезата дека ако некој медиум во уредувачката политика не е експлицитно изјаснет како антивладин, тоа имплицитно подразбира дека е провладин што е апсурд. Посебно е шокантна позицијата во која се одрекува секаква можност за професионално и неутрално позиционирање.
ПРЕС24: Со смената на раковдството на Телма, телевизијата се обидува да се позиционира како медиум подеднакво оддалечен од власта и од опозцијата. Прво дали е возможно такво позиционирање во јасно поларизраниот медиумски простор во државата?
КИРОВСКИ: Телма се позиционира како медиум подеднакво оддалечен и од власта и од опозицијата од формирањето на телевизијата. Уредувачката позиција на медиумот ја определува сопственикот, односно Управниот одбор на Макптерол, кој изминативе 18 години има ист концепт за целосна политичка независност на медиумот, и се соочува со исти проблеми, независно од тоа кој е на власт. Уредувачката политика на Телма стана предмет на анализа на јавноста со драстичното кревање на рејтингот на телевизијата, а со тоа и релевантноста во изминативе неколку месеци, како и со ескалацијата на политичката криза во Македонија која ја максимализираше поларизацијата во македонското општество. Се разбира дека независната уредувачка политика на еден медиум, во случајов Телма е сосема легитимна, и возможна и во практиката, што ние го докажуваме во нашата информативна програма. Тоа што таквата уредувачка политика некому не му се допаѓа, не е наш проблем. А обидите таа уредувачка политика да се дискредитира ќе пропаднат, и долгорочно гледано, гледачите ќе се уверат од потребата Македонија и нејзините граѓани да имаат сериозна, балансирана и политички независна телевизија.
ПРЕС24: Второ, дали македонското новинарство воопшто може да биде отпорно на притисоци?
КИРОВСКИ: Секое новинарство може да биде отпорно на притисоци. Главната заштита притоа мора да ја обезбедат сопствениците на медиумите, а потоа и самите новинари со својот интегритет.
ПРЕС24: Веќе неколку години во Македонија се гради слика за немање слобода во медиумите. Како Вие гледате на македонската медиумска слика?
КИРОВСКИ: Сликата за немање слобода во македонските медиуми е објективна, што го покажуваат и сите странски анализи за положбата на македонското новинарство кое е во друштво на африканските квази демократии. Од пристојното 34 место, Македонија падна за скандалозни 100 места според степенот на медиумските слободи. За оваа неслобода во медиумите, без дискусија главната вина е во македонката влада која не само што не направи ништо да ја поправи таа слика, ами таа всушност и ја искреира со политиката на преземање што поголем дел медиуми, кои ги обезличи, депрофесионализира, и ги претвори во гола алатка на сопствената пропаганда. Тоа создаде контра-реакција на другата страна, а резултатот е што се доведовме во ваква тажна ситуација.
ПРЕС24: Во државата дефакто има провладини и опозициски медиуми. Тие веројатно го сочинуваат неголемиот дел од медиумскиот простор. Но едната страна, новинарите и уредниците од опозицискиот блок себе си го препишуваат епитетот на незавсино новинарство. Колку тоа е искривена слика за новинарството?
КИРОВСКИ: Вистинското новинарство по дифолт треба да биде критички настроено. Оттаму позицијата да истражувате девијации во општеството и да ги критикувате политиките на власта, се разбира во рамките на професионалните стандарди, секако е полегитимна од некаква апологетска позиција кон власта, која беше иманентна за времињата на едноумието. Таквата позиција на новинарството треба да биде константа, независно од тоа кој е на власт. Проблемот со позиционирањето во однос на власта е легитимен, она што го урива македонското новинарство е искривоколчувањето на фактите во желбата да се оцрни другата страна, или да се прикаже сопствената страна како легитимна.
ПРЕС24: Она што изминатиов период е карактеристично е масовноста на новинари кои на еден или на друг начин се поистоветуваат со политиката на опозицијата. Не дека нема новинари кои се поистоветуваат со политиката нна власта, но некако како да станува модерно новинари со воодушевување да ги најавуваат "бомбите", да се сликаат на трибини, митинизи, партиски активности?
КИРОВСКИ: Мислам дека Вашата констатација не е точна. Ако зборуваме за масовност, бездруго медиумите и новинарите кои се провладини се далку помногубројни. Еве да тргнеме од примерот на телевизиите. Од 5 национални телевизии на македонски јазик, дури 4 телевизии се провладини, една е неутрална, а нема ниту една национална телевизија на македонски јазик која е опозициска. Што се однесува до печатот, и тука работите се во полза на провладините медиуми. Тоа што новинарите се присутни на партиски настани со отоврено заземање страна е доказ за крајната поларизација.
ПРЕС24: Втор сериозен проблем кој веќе извесен период го терети новинарството во Македонија е говорот на омраза и крајните вулгарности. Има ли решение за тоа?
КИРОВСКИ: Говорот на омраза и крајните вулгарности произлегуваат од реската поделба на наводни “патриоти” и “предавници”, како и од нискиот интелектуален капацитет на дел од квазимедиумските работници кои себе си се нарекуваат новинари. Со решавањето на политичката криза, релаксацијата на состојбите во општеството, и враќањето на медиумските слободи, мислам дека работите ќе си дојдат на свое место, и оние што сега изигруваат херои и се глорификуваат заради нивната во суштина непрофесионалност, ќе станат изолиран феномен и декор, каков што го има и во другите демократии.
ПРЕС24: Кога се носеше законот за медиуми, главен отпор беше регулирањео на итернет медиумите. Денеска се покажува дека тие веројатно се најпроблематичниот дел во новинарството, кој од една страна има силно влијание, а од друга речиси никаква одгворност?
КИРОВСКИ: Се согласувам дека интернет порталите се еден од главните генератори на говор на омраза. Проблемот со тоа е што секој може да отвори интернет портал, без притоа да екипира професионална редакција и едноставно да плука и да блуе говор на омраза. Но, проблемот со регулација на интернет просторот е многу деликатен, и со тој проблем се соочува целиот свет, не само Македонија. Регулацијата во оваа сфера е неминовност, но тоа мора да се прави мошне внимателно.
ПРЕС24: Решение за проблемите во новинарството со години не можат да понудат ниту еснафските здруженија. Што е она што ги спречува ЗНМ, Синдиктот, МАН, па еве сега и ониј Совет за етика, да воспостават некакви заеднички точки за нормализирање на медиумскиот простор во Македонија?
КИРОВСКИ: Едноставно, тоа што на многу од новинарите им е поважно да бидат политички подобни за политичката опција која ја застапуваат, отколку професионализацијата и нормализацијата на медиумскиот простор. Природно е да има едно-единстено еснафско здружение во кое треба да членуваат сите новинари, но во оваа држава што и да се прави, имаме и “ контра”. За жал така е и во новинарството. Додека беснее оваа политичка криза и поларизација на општеството, мислам дека е речиси невозможно новинарските здруженија да најдат заедничка платформа за дејствување. Синдикатот е сосема друга приказна, тој се занимава со синдикални прашања, и барем засега е единствен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа