Мисајловски за историската одлука на НАТО: 3,5% од БДП треба да се одвојат за одбрана

 

Одлуката е донесена, историјата напишана. Членките на Алијансата ќе треба да одвојат најмалку 5% од бруто домашниот производ за Армијата.

Тоа значи дека буџетот на нашето министерството за одбрана ќе треба да стигне до 3,5% во следните 10 години. Како ќе се постигне тоа, во интервју за ТВ21 одговара министерот за одбрана Владо Мисајловски.

-За нас како помала земја тоа е голем импулс за министерството за одбрана, но и самата економија да расти и повеќе средства да има во буџетот на министерството. Но најважно од се е за што ќе се користат тие средства. Модернизацијата е приоритет број еден. Преку 20% до 30% треба директно во модернизација, а тоа значи оние цели кои ни се дадени од НАТО да ги ревидираме нашите стратешки документи, да ги поставиме новите цели кои НАТО ни ги дава и да започнеме постапки за нова опрема, модернизација, бидејќи мора да следиме она што НАТО го бара од нас земја членка, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.

25.06.2025 - 21:01

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега