Инцидент на улицата 11-ти Октомври
Инцидент во Куманово. 28-годишниот Ш.А. и 21-годишниот М.Б. на улицата „11-ти Октомври“ во Куманово, започнале вербална расправија со 20-годишниот А.С. од селото Опае, при што физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата и телото. Нападнатото момче успеало да избега, а насилниците му го одзеле возилото и тргнале по него, но откако не успеале во намерата со метален предмет направиле оштетувања на него и го вратиле на местото на настанот.
Оцени ја веста
26.05.2015 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа