Корисен совет: Што да правите кога ќе ви се закачи крлеж?

Дојде периодот кога има наезда на крлежи. Убодот може да биде опасен по здравјето, бидејќи кога ќе ве убоде крлеж, тој може да пренесе бактериска болест наречена борелиоза или лајмска болест. 

Забодениот крлеж претставува особен проблем бидејќи тие ги закопуваат нивните глави во вашата кожа и се држат многу цврсто. Доколку насилно го откорнете, неговата уста може да остане во кожата и да предизвика инфекција, па најдобро е да се отстрани со пинцета, во насока обратна од сказалките на часовникот, а доколку тоа не успее, тогаш внимателно изгоретего.Доколку немате пинцета при рака, на газа ставете неколку капки петролеј, парафин, бензин или хируршки алкохол. Кога конечно ќе го отстраните крлежот, исчистете го местото на вашата кожа со сапун и со вода.

Внимавајте бидејќи прошетките во природа можат да значат ио опасност од крлежи овој период од годината. Ако ви се закачи крлеж и се појави црвенило, итно обратете се на лекар.

Извор: Идивиди

 

 

Оцени ја веста

23.05.2015 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега