Телата на убиените косовски Албанци во Куманово пренесени во Приштина

 

Телата на деветмината косовски Албанци, припадници на вооружената криминално терористичка група, кои загинаа пред две недели во судирите со македонската полицијата во Куманово, рано изутрината околу 4 часот се пренесени во Приштина.

Директорот на косовската судска медицина Арсим Грџали изјавил дека по разговорите со роднините на убиените, повторно ќе биде извршена обдукција на убиените во полициската акција.  

Датумот на нивниот погреб дополнително ќе биде соопштен откако ќе биде завршена аутопсијата, пренесуваат косовските медиуми.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега