Подгответе вкусен грашок

 

Грашок

Дали знаете дека грашокот е полн со хранливи материи, а топлата чинија грашок е идеален оброк кој ќе ве згрее овие снежни денови

Потребно е:

1 пакување замрзнат грашок на Пекабеско

1 домат(или 100 мл. доматно пире)

1 морков

1 зелена пиперка

1 главица кромид

500 мл млака вода

Масло за јадење

Сол и црн бибер по вкус

Магдонос по желба

 

Подготовка:

-         

Во загреано масло на оган го додаваме изренданиот кромид да се пропржи додека не омекне. Потоа го додаваме ренданиот домат и зелената ситно сецкана пиперка.

-         

Кога овие состојќи ќе заруменат во садот го додаваме грашокот од Пекабеско. Продолжуваме со динстање додека грашокот не омекне. Кога состојките се омекнати додаваме 300 мл млака вода, еден морков исецкан на тркалца, 1 лажичка сол и црн бибер по вкус.

-         

Го затвораме садот и оставаме грашокот да се вари 30-40 минути откако ќе зоврие.

-         

Пред самиот крај може да додадеме магдонос по желба.

 

На здравје!

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега