Купете си остров во Грција по цена за еден стан

Грчки остров – ваш по цена на еден стан во Лондон, со ваков наслов осамна денес британскиот Индепендент.

 

Весникот ги нуди најдобрите од над 20 острови во Грција кои во моментот се на продажба. Зголемената понуда за продажбата на грчките острови се должи на новиот данок за имот воведен годинава.

 

Како најатрактивен за купување е Мал Лезбос, остров кој се наоѓа на 200 метри од островот Лезбос во Егејското море и кошта 800.000 евра. Островот Свети Атанасиос, пак, во Коринтскиот залив, може да биде ваш по цена од 1,6 милиони евра.

 

Голем дел од грчките острови се сопственост на најбогатите луѓе во светот, од руски тајкуни до арапски шеици.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега