Почина скопски таксист: Возејќи патник на „Словенечка“ доживеал срцев удар
Таксист во Скопје почина од срцев удар.
Се работи за 62-годишен скопјанец со иницијали Ќ.В., кому му се слошило на булеварот Словенија додека превезувал патник.
Во моментот кога му станало тешко, управувајќи со возилото, таксистот излетал од коловозот и удрил во дрво.
По несреќата возачот бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“, каде од страна на лекар била констатирана смрт како последица од срцев удар.
Извршен бил увид.
Засега нема информации од МВР дали патникот се здобил со повреди за време на ударот во дрвото.
01.06.2024 - 12:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа