Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво

Младинскиот активизам е на незадоволително ниво а од година во година младите се се помалку активни во општествениот живот, покажува последното истражување на jавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички стражуваа Скопіе. 

Според него, 66,3% од граѓаните сметаат дека младинскиот активизам во Македонија не е на задоволително ниво додека добро ниво гледаат само 21,9% од граѓаните.

Споредено со пред 5 до 10 години 60% од граѓаните сметаат дека денеска младите се помалку активни во општествениот живот. 23,6% не гледаат разлика, а само 7,7% детектирале поголема активност на младите во споредба со периодот од пред 5 до 10 години. 

Анализата по возрасна структура не дава некои големи отстапувања бидејќи сите возрасни групи во прилично големо мнозинство го делат ставот дека во последните години активизмот на младите дополнително олаѓа.

Сепак, поголемиот дел од граѓаните или 49,2% сметаат дека младите се активни во политичките партии, додека 30,9% не се согласуваат со тоа. Интересно е што со овој став на сите граѓани не се согласуваат студентите каде близу две третини се на ставот дека младите не се доволно активни во политичките партии.

Слични се одговорите и за активизмот на младите во невладиниот сектор иако тука мнозинството од 45,5% е на ставот дека младите не се доволно активни што е нешто под оние 58% студенти кои го делат истиот став.

Очекувано, според граѓаните младите се активни во спортот. Ваков став делат 60% од анкетираните додека 30,2% се убедени во спротивното.

Граѓаните прашани каде младите се најактивни во големо мнозинство од 41,1% рекле дека тоа е спортот. 15,6% се определиле за политичките партии, 6,1% за хуманитарни акции, а само 3% за еколошки акции

Анкетата по нарачка на Детектор ja спроведе Институтот за политички истражуваьа Скопе врз репрезентативен примерок од 1079 испитаници во периодот од 16 до 20 април оваа година.

02.06.2024 - 19:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега