Алијанса на Села: Албанците првпат ќе водат само 4 министерства во владата

 

Во текот на овие три децении, Албанците во Република Северна Македонија воделе најмалку 5 од 15 министерства/ресори, односно 6 од 15 министерства/ресори и на крајот 8 од 16 министерства/ресори (без да се споменуваат министрите без ресор и вицепремиери), велат од Алијанса на Албанците која ја води Зијадин Села и која е дел од Европскиот фронт.

-Се случува за прв пат Албанците да водат само 4 министерства/ресори во најавената влада од ВМРО-вЛЕН, и тоа 4 од 16 министерства. Уште полошо, ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ.   Нема ресор Министерство за интеграции - НЕ ПОСТОИ Нема ресор Министерство за политики за добро владеење - НЕ ПОСТОИ Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф, се вели во дописот.

01.06.2024 - 14:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега