Се тресе тлото на Балканот: Земјотреси регистрирани во Црна Гора и Грција
Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Црна Гора, јавува ЕМСЦ. Потресот е регистриран на длабочина од осум километри, на 76 километри од Подгорица.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Пред овој земјотрес тлото се затресе и во Грција, со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата, потврди ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на околу 82 километри од Атина, на длабочина од 35 километри.
02.06.2024 - 12:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа