Венизелос ги предупреди сопартијците за можни предвремени парламентарни избори

 

 

Се виси на конец, кој е волјата на грчкиот народ, и ако се скине, може да ја доведе земјата до апсолутна катастрофа, изјави министерот за надворешни работи и лидер на помалиот коалициски партнер во грчката Влада, ПАСОК, Евангелос Венизелос .

Тој вчера во Костур имаше состанок со околу 80 партиски функционери на кој ги објасни причините зошто Владата одлучи да го забрза изборот на нов претседател на земјата.

Во сите случаи, тој ги предупреди сопартијците дека се можни предвремени парламентарни избори, доколку сегашниот состав на Парламент покаже дека не може да избере нов претседател на Грција.

 

 

Оцени ја веста

14.12.2014 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега