Рецепт: Карамел пита со јаболки
Наш предлог денеска за десерт да направите карамел пита со јаболки. Еве што ви е потребно:
- 125 г путер
- 100 г шеќер
- Jајце
- 250 г брашно
- 1-2 лажици кисела павлака
- Малку прашок за пецивоќ
За подлога:
- 700 г јаболка
- 200 г шеќер
- 1 кесичка ванилин шеќер
- Цимет
- Сок од 1 лимон
Приготвување:
1. Изматете го путерот пенесто, постепено додадете шеќер, цело време матејќи со миксерот, па додадете го јајцето и павлаката, и на крај со лажица сето тоа соединете го во еднолична смеса со брашното и прашокот за пециво. Тестото треба само да се одвојува од садот. Обликувајте кугла, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете во фрижидер додека не го подготвите останатото.
2. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Во тепсијата во која ќе ја печете питата ставете шеќер и рамномерно распоредете го на дното, потоа распоредете ги јаболката и нив посипете ги со цимет, ванилин-шеќер и испрскајте ги со сок од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се стопи и карамелизира. Тргнете од оган и малку оставете да се излади.
3. Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го по димензија на тепсијата, со него прекријте ги јаболката, а краевите стиснете го со ивицата на тепсијата. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна и неколку минути држете ја прекриена со кујнска крпа, потоа питата свртете ја на чинија за служење.
4. Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го украсено со шеќер во прав.
Извор: Убавина и здравје
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа