200 возачи "летале" со возилата - 12 возеле пијани
Продолжувајќи со засилените сообраќајни контроли по патиштата низ земјава вчера (10.04) полициските службеници издале вкупно 707 платни налози за сторени прекршоци по основ на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила.
Така, во рамки на оваа бројка, а по основ на преовладувачките прекршоци што ги прават учесниците во сообраќајот – неправилно паркирање и пречекорување на брзината на движење, беа регистрирани 225, односно 218 прекршоци. Покрај ова, без возачка дозвола регистрирани беа 59 возачи, потоа 26 учесници во сообраќајот беа санкционирани за неносење сигурносен појас.
Седум возачи на мотоцикл биле санкционирани за неносење на заштитна кацига, а изречени биле 15 мерки за користење на мобилен телефон при возење, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.
По основ пак на Законот за возила 17 возила биле отстранети од сообраќај и тоа три заради техничка неисправност а 14 возила биле отстранети од сообраќај затоа што биле нерегистрирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа