НБРМ: Расот на БДП годинава 3,7, догодина 4,1 отсто

Растот на македонската економија според најновите проекции на Народната банка на Република Македонија за годинава ќе изнесува 3,7 проценти, за наредната 4,1 отсто, а во 2016 година 4,5 проценти. 

Најновите проекции беа изнесени денеска на прес-конференција во Народната банка на Република Македонија според кои нема промени во однос на оваа и на 2016 година, а само надолна корекција има за предвидениот раст за 2015 година. Претходната проекција на НБРМ за растот за 2015 година беше 4,4 проценти. 

- Променетата оцека за динамиката на растот на домашната економија е со мали приспособување на понеповолното надворешно окружување, беше посочено на прес-конференцијата.

14.11.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега