Европските социјалисти го повикаа Вучиќ да не ги притиска медиумите

Претседателството на Партијата на европски социјалисти изрази денеска сериозна загриженост во врска со медиумските слободи во Србија и ја повикаа Владата да ја почитува слободата и независноста на медиумите.

Тие наведуваат дека Србија не може да има значајна улога во меѓународната заедница и не може да очекува членство во Унијата додека тие услови не се исполнат, се вели во соопштение од седница на Претседателството на ПЕС.

На седницата било заклучено дека ситуацијата во која постојат континуирани притисоци и контрола од владата над електронски и печатени медиуми е неприфатлива и мора да се разреши.

Европските социјалисти ја повикаа Владата на Србија и нејзиниот премиер Александар Вучиќ да се откаже од контрола врз уредувачката политика во државните медиуми. Таа се гледа во политичко поставување уредници, да престане со индиректно финансирање медиуми преку договори за огласување на државни претпријатија и да престане со цензура врз интернетот.

10.10.2014 - 18:49


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега