Преговорите за нова Влада се при крај: Вреди добива претседател на Собранието и шест министри - ЗНАМ ќе раководи две министерства

 

Составот на новата влада е пред финален договор. Високи партиски извори брифираат дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ќе го добијат најголемиот дел од колачот, разбирливо поради бројот на пратенички мандати.

 

Во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одат Министерството за внатрешни работи, Финансии, Транспорт и врски, Образование, Култура, Министерство за надворешни работи, Земјоделие, Локална самоуправа, Одбрана, Енергетика, Политички систем и други.

 

Коалицијата Вреди ги добива министерството за животна средина и просторно планирање кој во исто време ќе биде и вицепремиер. Потоа министерството за здравство и Министерството за социјална политика, демографија и млади, министерството за економија и труд исто така ќе и припаднат на коалицијата Вреди, заедно со Секторот Евроинтеграции. Коалицијата ќе добие уште едно Министерство без ресор задолжено за добро владеење и транспарентност, како и претседател на Собранието.

 

И преговорите со ЗНАМ финишираат добивајќи две министерства, министерство за правда и новото министерство за администрација. Се очекува овие денови да финишираат разговорите и во позитивен дух да биде потврдена новата реформска влада.

 

27.05.2024 - 14:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега