Три сообраќајни несреќи за само неколку часа на територијата на СВР-Штип
За само неколку часа на територија на СВР-Штип се случија три сообраќајни несреќи. Во 11:40 часот на стариот, односно регионалниот пат Штип-Велес, во близина на гробиштата кај Три Чешми се преврте возило марка голф, во кое имало две жени. Пренесени се во штипската Клиничка болница и се со телесни повреди.
Од штипската Клиничка болница за МИА информираат дека 42 годишниот работник кој косел трева, на експресниот пат Штип-Кочани, а во кој утринава удри возило марка сета леон е со тешки телесни повреди и е хоспитализиран на КАРИЛ во Клиничка болница-Штип.
Оваа сообраќајна несреќа се случи утринава во 7:40 часот на експресниот пат Штип-Кочани во близина на клучката кај Три Чешми.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека во моментов се случила и трета сообраќајна несреќа на магистралниот пат Делчево-Македонска Каменица кај Биглата, во која што според првичните информации има повредено лице. Повеќе детали најави во текот на денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа