ФОТО+ВИДЕО: Пејачот Амар Исмани е убиен вчера во пукањето на Пластичарска


Ноќеска во престрелка на Пластичарска загина познат пејач додека други две лица се ранети.

На престрелката и претходела масовна тепачка која завршила трагично.

Пејачот Амар Исмани кој го загуби животот во престрелката им подлегнал на повредите во болница.

Во СВР Скопје околу 23.40 часот било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ во Скопје имало пукање.

Додека пак во 23.45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

- Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, соопшти МВР.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта вршеа увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше лишено од живот едно лице, а уште две се повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за вештачење на трагите прибирани од лице место, а се преземаат и други дејствија.

Министерството за внатрешни работи постапува за откривање на сторителите.

27.05.2024 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега