Опожарени два автомобили во Скопје


Денеска во 02.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„50 Дивизија“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „пежо“, сопственост на Т.З.(60) од Скопје и патничко возило „рено“, сопственост на А.Д. од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

27.05.2024 - 15:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега