Шест месеци бездомник живеел во хорор – држен под катанец и принуден да питачи
39- годишен бездомник со месеци живеел како во хорор филм. Седум години постара жена од скопскиот прифатен центар го искористила неговото нарушено ментално здравје и живеела од неговото питачење.
Кога не била задоволна од добиената сума, физички и психички го малтретирала. Со цел повеќе да заработи, осомничената на бездомникот му ги одзела чистите алишта и обувки.
„Тој понекогаш добивал и облека од граѓани, но таа му била одземана и преродавана, а за да предизвика чувство на сожалување при питачењето, пријавената не му дозволувала да води лична хигиена и не му давала да носи обувки“ изјави Марија Јаковлевска портпарол на МВР.
Двајцата бездомници заедно живееле во прифатниот центар „Чичино село“.
„За да не избега, со месеци 39-годишниот бездомник со нарушено ментално здравје бил заклучуван во соба со катанец и решетки на прозорците овде во Прифатниот центар „Чичино цело“
При акциската котрола на министерството за труд и социјална политика и МВР двајцата бездомници биле забележани како питачат на скопските улици.
Во разговор со службено лице, 39-годишниот бездомник ја раскажал својата шестмесечна голгота.
За стореното кривично дело бездомничката веќе се наоѓа зад решетки. МВР ја сомничи за „противправно лишување од слобода“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа