ДУИ: Албанците не смеат да бидат третирани како граѓани од втор ред во оваа држава
Демократската унија за интеграција (ДУИ) ја изразува својата загриженост за систематското исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на армијата во Северна Македонија. Ова денеска го велат од ДУИ преку соопштение за јавноста кое ви го пренесуваме во целост:
Албанците во армијата се исклучени и ограничени од донесувањето важни одлуки и пристапот до стратешки позиции.
Маргинализацијата на Албанците не запира само со исклучувањето од раководните позиции, туку се проширува и во системот на военото образование.
Загрижувачки е што наместо да помогнат во решавањето на овој проблем, избраниците на ВМРО-ДПМНЕ кои играат улога на „албански претставници“ само ја легитимираат оваа неправда.
Овие политичари се неспособни и без храброст да го кренат својот глас против оваа отворена дискриминација, станувајќи соучесници во маргинализацијата на Албанците.
Во меѓувреме, македонскиот дел од општеството продолжува да молчи за оваа неправда, игнорирајќи ги загриженостите на Албанците и не разбирајќи дека дискриминацијата на еден народ не е само етнички проблем, туку и криза на самата држава.
Овој постојан молк само ги продлабочува поделбите и создава тензии кои ја оштетуваат иднината на соживотот во земјата.
ДУИ им упатува апел на сите да ги слушнат легитимните загрижености на претставниците на Албанците.
Албанците не можат да бидат третирани како граѓани од втор ред во нашата заедничка мултиетничка држава.
ДУИ останува посветена на еднаквоста на народите во нашата заедничка држава и на обезбедувањето правично и достојно претставување во сите области, вклучувајќи ја и армијата.
Апелираме на итна реакција од сите институции и целото општество за да се стави крај на оваа дискриминација која ја загрозува заедничката иднина на нашата земја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа