Се шири опасен Тик-Ток предизвик: Таравари откри дали има случаи на труење со парацетамол во Македонија

 

Од Клиниката за токсикологија нема информација за примени млади пациенти поради опасниот „ТикТок предизвик со парацетамол“. Ова денеска го изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, кој прв пат ја чул оваа информација денеска бидејќи самиот не користи Тик Ток. Тој денеска беше на пуштањето во употреба на новата компресорска станица за хируршките клиники.

Докторот Нико Беќаровски, познат токсиколог, на својот Фејсбук профил веќе ги предупреди родителите за опасноста од овој предизвик.

- „20 до 40 таблети предизвикуваат сериозни труења и оштетувања на црниот дроб, а труењата со над 50 таблети многу често завршуваат со смрт, дури и при интензивно лекување“, истакна Беќаровски. 

Инаку, новиот Тик Ток тренд кој се случува во светот е натпревар меѓу младите каде што тие меѓусебно се предизвикуваат кој ќе земе поголема доза од лекот против болки Парацетамол.

10.02.2025 - 10:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега