Апсење на Табановце

 
На Граничениот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода едно лице откако виделе што крие во возилото.
 
 
МВР информира дека на 08. Февруари, од слобода бил лишен 49-годишниот Т.В. од Сојузна Република Германија, кога при контрола во возилото „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
 
Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

10.02.2025 - 09:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега