Врапчиште: Ја тргнале од директорското место - си го присвоила возилото за дотур на храна во школото
Министерството за социјална политика демографија и млади, ги информира жителите на Општина Врапчиште, дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште по одземање на ингеренциите на градоначалникот на општината во делот на именување на в.д директор на установата и поставување на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа (сопственост на општината) иако во јуни месец 2021 година го дала на користење на предучилишната установа на неопределено време.
Се до 31.01.2025 година кога е извршена законска смена на в.д директорот на предучилишната установа, истата го користела возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во с.Добри Дол.
Оттогаш па до денес храна во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила.
Повторно градоначалникот на Општина Врапчиште и Општината Врапчиште вршат грубо кршење на Законот за заштита на децата, со оглед на фактот дека согласно истиот се основачи на предучилишната установа и се надлежни за непречено функционирање на установата, но во овој случај со попречување на секојдневниот тек на работите односно одземање на возило за дотур на храна, вршат груба повреда на своите овластувања, на штета на своите најмали жители на општината-децата.
За да биде иронијата поголема денес 10.02.2025 година од страна и налог на општината, исклучено е греењето и струјата во матичниот објект на градинката во с.Врапчиште кој е составен дел на училиштето, на температура од - 5 C степени.
Освен грубо кршење на законот со последниот чин градоначалникот ги прекрши и правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа