Средба Вељаноски-Дачиќ: Продлабочување на пријателството меѓу двете земји

Претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски денеска се сретна со првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.

На средбата е разговарано за актуелните случувања во регионот и во светски рамки, а разменети се и мислења за моменталните случувања во двете држави.

Двајцата соговорници изразиле желба за поскоро интегрирање на двете земји во Европската унија при што разговарале за предизвиците со кои се соочуваат државите на тој пат.

Потенцирани се добрите пријателски односи меѓу двете држави и меѓусебната поддршка, а како позитивни примери посочени се заедничката седница на двете влади и Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.

На средбата е разговарано и за економската соработка меѓу двете земји, која е оценета како добра со можност за подобрување.

Изразена е подготвеност за регионална соработка, како и продолжување на пријателството кое постои меѓу Македонија и Србија.

15.09.2014 - 14:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега