Експертите бараат: И земјоделците да бидат опфатени со активностите за безбедност во сообраќајот

Здружението за земјоделска техника на Република Македонија ги поздравува владините активности за безбедност во јавниот сообраќај, цени дека ќе дадат позитивни резултати и значително ќе придонесат за намалување на незгодите, но во нив, сугерира, треба да се вклучат и земјоделците кои работат или управуваат со механизација.

- Редовно се прават анализи со различни владини и невладини организации, а најмногу со земјоделските здруженија и други земјоделски асоцијации за нивно вклучување во безбедноста во сообраќајот. Сакаме оваа проблематика да биде потенцирана и во сегашната владина програма за незгодите и несреќите да бидат намалени, соопшти Здружението.

Здружението кое ја разгледува и актуелната состојба со сезонските земјоделски работи, предупредува на поголема фрекфенција и раздвижување на земјоделските машини во јавниот сообраќај овој период. 

15.09.2014 - 13:48


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега