Максимално исполнети местата на дечиња во градинките во Виница

 

Комбинираната детска установа „Гоце Делчев“ од Виница по реновирањето на занималните и трпезаријата што беше направено во месеците јули и август, од денеска ги прифати дечињата од предшколска возраст. Вкупниот број на запишани деца во градинката изнесува 281 дете со што капацитетите и во двата клона се исполнети максимално.

- Интересот за прифаќање на деца во градинката е мошне голем. Редовно на листата на чекање имаме по 50 деца. Кон оваа бројка ќе се додадат уште 55 ромски деца од кои 25 се со програмата „Инклузија на деца Роми“ и 30 дечиња од прокетот „Добар почеток“ со што навистина капацитетот е исполнет максимално, истакнува директорот на градинката Илија Јованов.

Според него, во градинката во Трсино се запишани нови 15 дечиња, а во градинката во Блатец 12 дечиња.

Иако според најавите денеска требаше да започне со работа и градинката во село Истибање како проект на Владата, истата ќе започне со работа за месец дена бидејќи во тек е постапката за обезбедување на опрема за неа. 

01.09.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега