Седници на две собраниски комисии

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за здравство и за транспорт, врски и екологија.

Единствена точка на дневниот ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка - второ читање.

Членовите на Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка - второ читање и Годишниот извештај за реализација на програмата за работа на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013 година. 

01.09.2014 - 09:50
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега