Македонска работа: Им го погребале синот во гроб длабок само 40 сантиметри - почнала да се шири миризба

 

Во целосен шок е семејството Томовски од Кочани, откако виделе како е погребан нивниот 37 годишен син. Плиткиот гроб од околу 40 сантиметри кој целосно е покриен со камен ги револтирало најблиските, скршени од болка поради загубата на нивното чедо, јавува штипската телевизија Ирис.

За погребот бил задолжен еден од петте концесионери. Најблиските велат дека од гробот во кој е погребан Сашко Томовски веќе почнала да се шири миризба. Завиена во црнина, со зарипнат глас, од тага мајката на сега починатиот Сашко, моли надлежните да преземат соодветни мерки, нејзиниот син достојно да биде погребан во неговиот вечен дом.

Семејството тврди дека за погребните услуги на концесионерот му исплатиле 40.000 денари. За случајот веќе се заинтересирал и општинскиот комунален инспектор од Кочани. Чека и официјален писмен приговор од семејството, за да излезат на терен. Доколку се откријат неправилности и непочитување на стандардите, концесионерот кој го извршил погребувањето ќе добие соодветен прекршок. Сепак законскиот минимум за ископ на гробно место е еден метар и шеесет сантиметри.

30.07.2014 - 22:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега